Вардар до Пелистер: Дозволете гостински навивачи, да го вратиме сјајот на македонското дерби

Фото: ФК Вардар

Викендов се игра дербито во македонскиот фудбал во Втората лига помеѓу  Пелистер и Вардар. Со овој натпревар ќе биде отворена и новата трибина на стадионот „Петар Милошевски“.

Пред овој натпревар, Вардар испрати апел до своите ривали да се дозволи присуство на гостински навивачи. Исто така од таборот на Вардар истакнуваат дека тие ќе дозволат присуство на гостински навивачи во натпреварот во Скопје.

„Големото македонско фудбалско дерби е пред нас. Првенствено, веруваме дека управата на Ф.К. Пелистер ќе се согласи и ќе дозволи присуство на нашата навивачка група “Комити Запад”. Фудбалот без навивачи на трибините губи многу, затоа веруваме дека одлуката по однос на ова прашање ќе биде позитивна. Дека сме сериозни и искрени во намерата да го вратиме сјајот на големото дерби, потврдува и тоа што уште од сега јавно соопштуваме дека ќе дозволиме присуство на навивачката група “Чкембари Битола” на натпреварот кој овие два тима ќе го одиграат во Скопје.

Воедно, упатуваме важен апел до управата на Ф.К. Пелистер, а тоа е да дерби натпреварот помеѓу Ф.К. Пелистер и Ф.К. Вардар, кој е закажан за оваа сабота (3.12.2022) се одигра ден подоцна, односно во недела (4.12.2022). Навивачите на двата тима тоа го заслужуваат. Ајде заедно да помогнеме да се врати стариот сјај на големото македонско фудбалско дерби.

Како клуб, стоиме на располагање за соработка и помош доколку е потребна, во однос на било кој аспект“, стои во соопштението од Вардар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот