Вања била врзана и ставена во вреќа за спиење во подрумот на зградата каде што живеела

Фото: Слободен печат

Вања Ѓорчевска била врзана и ставена во вреќа за спиење во подрумот во зградата каде живеела и потоа изнесена од зградата, објави ТВ 24 од извори на истрагата.

Клуч од подрумските простории, како и од влезната врата имал и првоосомничениот Љупчо Палевски, кој поседувал и имот во истата зграда. Инаку зградата е изградена од компанијата „Упа Ентерпрајз“, чиј сопственик бил Палевски, во која во минатото биле и канцелариите на компанијата.

Со тоа се објаснува нејзиното незабележано грабнување од зградата која се наоѓа во непосредна близина на Градскиот парк и во чија околина има многу угостителски објекти.

 

Побарана екстрадиција на Палевски за да му се суди за убиството на Вања и Панче

Адвокатот што го однесе Палевски во Белград „куртули“ од мерки за обезбедување, а за струмичанецот што го однесе до Турција – предложен притвор

Мајката на Вања: Не можам да разберам зошто моето преубаво девојче е во гроб

Калајџиев: Екстрадицијата на Палевски може да потрае месец – два

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот