фото:твитер

Валверде пред отказ, а Луис Суарез е во негова одбрана!

Уругвајскиот интернационалец истакунува дека Валверде не е виновен за поразот од Атлетико Мадрид во Суперкупот, туку играчите правеа грешки.

Првиот човек на Барса, Бартомеу веќе одлучи кој е вистинскиот кандидат да го замени Ернесто Валверде како шеф на тимот. Претседателот на каталонскиот фудбалски гигант сака следната сезона тимот да го води актуелниот холандски тренер Роналд Куман.

Барселона забележа реми 2-2 во градското дерби против Еспањол, а синоќа дозволи пораз од 2:3 против Атлетико Мадрид во полуфиналниот натпревар од шпанскиот Суперкуп.

Во последните неколку месеци се шпекулира за различни имиња за тренерската позиција на „Камп Ноу”, но сега Бартомеу се чини дека се одлучи за Роналд Куман.

Против отказ за Валверде е Уругваецот Луис Суарез кој смета дека играчите се виновни поради поразот од Атлетико Мадрид.

– Валверде не е виновен, грешките се наши кои не смеевме да ги правиме. Не знам дали ваквите порази ни помагаат да се развиваме како клуб, но очигледно укажува на деталите кои треба да ги поправиме во иднина – рече Суарез.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот