Валкана игра на Американците: Сакаат да ја обвинат Кина за кражба, почнува сајбер-војна поради корнавирусот!

Сајбер напад / Фото: МИА

Како што се наведува, станува збор за кражба на информации преку сајбер напади, како и за делување на „нетрадиционални субјекти“.

Федералното биро за истраги (ФБИ) и Министерството за внатрешна безбедност на САД планираат да издадат предупредување дека кинески хакери и шпиони се обидуваат да украдат истражувања од американски научници, кои се однесуваат на правење вакцина против коронавирусот, пишува „Њујорк Тајмс“, повикувајќи се на свои извори.

Според американскиот весник, во нацрт-документот се вели дека Кина е подготвена на „незаконски“ начин да добие „вредна интелектуална сопственост, како и податоци за здравствената заштита поврзана со вакцините, методите на лекување и тестирањата“.

Како што се наведува, станува збор за кражба на информации преку сајбер напади, како и за делувања на „нетрадиционални субјекти“ – термин, што под кој се подразбира истражители, кои според мислењето на американската администрација учествуваат во кражба на податоци од американските лаборатории.

Весникот наведува дека официјалното предупредување ќе биде издадено во наредните денови.

Во исто време, поранешни и сегашни официјални претставници на САД, соопштија дека одлуката да се обвинат наводни кинески хакери, кои ги поддржува Кина, е дел од многу поголема стратегија за одвраќање, во која учествуваат Националната агенција за безбедност и Управата за сајбер –напади на вооружените сили на САД.

Весникот потсетува, дека во 2018 година американскиот претседател, Доналд Трамп ги прошири своите овластувања, кои се однесуваат на одмазднички хакерски напади против други земји.

Американските власти, вклучително и американскиот претседател, Доналд Трамп, постојано ја обвинуваат Кина дека не била способна да го запре ширењето на коронавирусот, како и да ги скрие фактите и да реагира навремено.

Кинеските власти во повеќе наврати изјавија дека Кина од самиот почеток имала транспарентен и отворен став кога станува збор за објавување на информации поврзани со епидемија од ковид-19.

Државниот секретар на САД, Мајк Помпео, изнесе претпоставки дека вирусот би можел да потекнува од лабораторија во кинескиот град Вухан, каде се изучуваат корона вирусите, но Кина ги негираше обвинувањата.

Пандемијата со коронавирусот потекнува од Кина, но најмногу заболени и смртни случаи се регистрирани во САД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот