В петок разврска за оставката на Заев и за влезот на Алтернатива во Владата

Зоран Заев, Африм Гаши (1)
Средба Заев-Гаши / Фото: „Слободен печат“/Драган Митрески

Петок ќе биде решавачки ден за оставката на премиерот Зоран Заев од лидерската функција во СДСМ, а Алтернатива ќе одлучува дали ќе се приклучи на владејачкото мнозинство. Централното претседателство на Алтернатива в петок во 18 часот ќе заседава и ќе разгледува дали партијата ќе ги продолжи разговорите со премиерот Заев за влез во Владата, потврдија од партијата за „Слободен печат“. Според информации од СДСМ, истиот ден, Централниот и Извршниот одбор на партијата ќе расправа за оставката на Заев од претседателската функција.

Состаноците на највисоките партиски тела на СДСМ и на Алтернатива, кои требаше да се оддржат завчера, беа одложени поради големата сообраќајна несреќа на македонски автобус во Бугарија, во која загинаа 45 патници.

Седниците се закажани по барање на Заев кој најави дека ќе побара констатирање на неговата оставка, најавена уште на 31 октомври, по поразот на локалните избори.
Со констатирањето на оставката, почнува рокот од 15 дена за распишување внатрепартиски избори за нов претседател.

Состаноците на двете партии ќе бидат точно по една недела од средбата помеѓу Заев и лидерот на Алтернатива Африм Гаши, по која премиерот изјави дека посакува парламентарното мнозинство да се засили со четирите пратеници од Алтернатива. Гаши пак, рече дека се исправени пред две опции – да останат во опозиција или да се приклучат кон владејачкото мнозинство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот