Ужас во Белград: 19-годишно момче изрешетано на семафор

Српска полиција/Фото: МИА

Нешто пред 15.00 часот попладнево се случило пукање во белградската населба Баново Брдо – непознат напаѓач пукал во Дејан Г.(19), по што побегнал.

Жителите на овој дел од градот велат дека се шокирани, а некои од нив дури и го виделе напаѓачот како бега.

„Не ми се верува дека некој застрела 19-годишно дете сред бел ден. Ужас. Ранетото момче беше во автомобил на семафорот, кога притрча друг млад човек и испука неколку куршуми кон него. Почна да плаче и да лелека, не очекуваше дека некој ќе сака да пука во него. Напаѓачот веднаш избега со пиштолот во рака“, изјави очевидец за „Курир“.

„Дејан наводно ѝ е познат на полицијата од порано, а се сомнева дека жртвата и напаѓачот се познавале. Исто така, постои сомнеж дека напаѓачот побегнал во правец на улицата „Пожешка“, вели извор од полицијата за „Курир“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот