Битиќи: Продуктивно задолжување не е само да се позајми за да се изгради пат, туку и да се спасат семејства

Фатмир Битиќи, вицепремиер за економски прашања / Утрински брифинг
Фатмир Битиќи, вицепремиер за економски прашања / Утрински брифинг

Притисокот врз буџЕтот е голем. Исто како и за време на ковид пандемијата. Првите пакети мерки беа за сите, а потоа за најранливите категории граѓани и компании. Така ќе биде и сега, вели Фатмир Битиќи вицепремиер за економски прашања за Утрински брифинг за најавените мерки за помош кои би требало да почнат да се применуваат од август.

Во однос на најавите дека струјата во јануари речиси ќе се удвои, а во пресрет на новиот тарифен модел на наплата на струјата, Битиќи вели дека рамноправно трошење на субвенционирана електрична енергија мора да има.

-Вие знаете дека 17 семејства во државата трошат 30 отсто од струјата наменета за домаќинствата. И тоа не е фер, вели Битиќи.

За државната задолженост Битиќи вели дека не треба да има грижа сѐ додека задолжувањата се продуктивни.

-Продуктивно задолжување не е само да се позајми за да се изгради пат, туку и да се спасат семејства и мали семејни бизниси, вели Битиќи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот