Утре стартува грејната сезона, скопјани ќе се будат во топли домови

Парно радијатори за греење / Фото: ,,Слободен печат'' - Драган Митрески

Утре започнува грејната сезона во Скопје  и ќе трае до 15 април идната година, со можност да се продолжи уште 15 дена во зависност од надворешните температури, што значи дека скопјани во наредните денови, за кога се очекуваат пониски ноќни температури, ќе се будат во топли домови.

Сведоци сме дека деновите во овој период од годината се потопли, а и прогнозираните температури што ги добиваме од хидрометеоролошката управа го покажуваат истото. Сепак, грејната сезона започнува на 15 октомври и снабдувачот е должен во грејните простории во времето од 6:00 до 22:00 часот во текот на денот да обезбеди температура на греење од 20+1 степени Целзиусови. Цената на топлинската енергија останува иста. Нова одлука ќе биде донесена откако цевководот на мостот „Беласица’ ќе биде поставен, со што ќе се овозможат услови за детален пресек на трошоците, изјави Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.

Испораката на топлинска енергија ќе се одвива согласно мрежните правила за дистрибуција на топлинската енергија.

Од РКЕ апелираат до сите потрошувачи на регулираниот пазар, односно до институциите и домаќинствата да продолжат со рационално трошење на енергијата исто како во изминатата грејна сезона

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот