Утре ќе биде сончево, наутро со магла во котлините

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини и долж Повардарието ќе има појава на магла и ниска облачност, кои преку денот краткотрајно ќе се намалат. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.

Во Скопје ќе има магла или ниска облачност, која преку денот се очекува делумно да се намали, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура во земјава ќе биде во интервал од -4 до 4, а максималната ќе достигне од 4 до 14 степени, а во Скопје минималната ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне 4 степени.

– До недела ќе се задржи периодот на стабилно и претежно тивко време. По котлините и понатаму ќе има појава на магла и ниска облачност со променлив интензитет. Во петок ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, поизразен долж Повардарието што ќе предизвика во текот на денот по одделни котлини условите за магла да се намалат. Во понеделник претпладне сеуште ќе има појава на магла, а во попладневните часови ќе има врнежи од дожд, а на планините од снег, велат од УХМР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот