Зонско паркирање - Градски паркинг / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Утре бесплатно паркирање на зоните на „Градски паркинг“

Скопјани утре ќе можат бесплатно да се паркираат на паркиралиштата во зоните А, Б, Ц и Д со кои стопанисува ЈП „Градски паркинг“.

Сепак, како што информираат од претпријатието и на утрешниот државен празник „11 Октомври“ редовна наплата ќе се врши за паркирање на Водно, во зоната А0.

Граѓаните ќе плаќаат и доколку се паркираат во катните гаражи „Беко“ и „26ти Јули“, како и на јавните паркиралишта: Кочо Рацин, Треска, Градска Болница, Нова Македонија, АМСМ, Народен фронт и клинички центар Мајка Тереза.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот