Уставните измени го поминаа владиниот филтер, од утре влегуваат во собраниска процедура

Уставните измени поминаа на Влада
Устав на РС Македонија / Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

Владата на денешната седница ги усвои уставните амандмани и одлучи документот да биде доставен до Собранието на Република Северна Македонија.

– Интервенциите се однесуваат на додавање делови од народи во Преамбулата и членовите 49 и 78 од Уставот, при набројувањето на деловите од народи во нашата држава. Односно, во формулацијата: „Граѓаните на Република Северна Македонија, македонскиот народ, дел од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и другите”, после зборот бошњачки народ се става запирка и се додава: бугарскиот народ, хрватскиот народ, црногорскиот народ, словенечкиот народ, еврејскиот народ и еѓипќанскиот народ, се наведува во соопшението од Владата.

Од таму додаваат дека со предложените Уставни измени, се зајакнува мултиетничкиот карактер на Република Северна Македонија која практикува европски вредности и заслужува, по членството во НАТО да биде и полноправна членка на Европската Унија.

Од Владата велат дека во следниот периот очекуваат конструктивност од сите политички субјекти претставени преку пратениците во Парламентот, совесност од сите пратеници и фокус кон постигнување натпартиски консензус при усвојувањето на уставните измени како дел од преговарачката рамка со Европската Унија.

Ставот на ВМРО-ДПМНЕ останува непроменет. Пратеничката Дафина Стојановска денеска од Собранието порача дека нема да отстапат ниту милиметар од одлуката дека уставните измени нема да добијат поддршка од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот