Уставниот суд во Турција одлучи во корист на Википедија

Фото: historymatters

Турскиот Уставен суд денеска донесе пресуда во корист на Википедија, оценувајќи ја двегодишната забрана на турската Влада за користење на интернет енциклопедијата како повреда на слободата на изразување, јави Анадолија.

Турција ја блокираше Википедија во април 2017 година, обвинувајќи ја дека е дел од „клеветничка кампања” против земјата, откако веб-страницата одби да ги отстрани содржините што, наводно, ја претставуваат Турција како земја што ја поддржува Исламска држава и други терористички организации.

Пристапот до Википедија и сите негови јазични изданија е блокиран со закон кој им овозможува на Владата да забрани веб-страници за кои смета дека претставува закана за национална безбедност.

Википедија одби да ги отстрани содржините од веб-страницата, спротивставувајќи се на цензурата и поднесе барање до Уставниот суд во мај 2017 година.

Анадолија јави дека Уставниот суд одлучил оти забраната ја нарушува слободата на изразување.

Судиите гласаа со 10 наспроти шест во корист на Википедија.

Турската Влада сè уште не одговорила и не е јасно дали ќе се врати пристапот до веб-страницата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот