Уште најмалку пет убиени во протестите во Мјанмар

Фото: EPA-EFE/STRINGER

Уште најмалку пет демонстранти се убиени за време на денешните протести во Мјанмар, јавија локалните медиуми повикувајќи се на очевидци, додека лидерите на опозицијата најавија дека ќе им обезбедат на граѓаните законско право на самоодбрана.

Ман Вин Каинг Тан, првиот човек на групата политичари кои беа соборени од воената хунта иако победија на изборите, од локацијата каде што се крие од хунтата вети дека „револуцијата” против воената диктатура ќе продолжи.

Во своето прво јавно обраќање по воениот удар на 1 февруари, Ман Вин Каинг Тан рече дека „нацијата минува низ најтемниот период, но оти зората е сè поблизу”.

Ман од илегала раководи со група политичари кои одбија да го признаат авторитетот на воената хунта и бараат од меѓународната заедница да ги признае како легална влада на Мјанмар.

Само вчера уште 12 лица го загубија животот за време на протестите низ Мјанмар, а бројот на жртви од почетокот на протестите изнесува над 80, јави „Би-Би-Си“, наведувајќи дека безбедносните сили на режимот досега уапсиле над 2.100 демонстранти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот