Уште еден инцидент со пукање, млад скопјанец ранет во Аеродром

Фото: МИА

Вчераутро околу 3 часот во СВР Скопје е пријавено дека во Градската oпшта болница „Св.Наум Охридски” бил донесен Н.М.(28) од Скопје со повреди од огнено оружје.

Според пријавеното, тој бил ранет на булеварот „Јане Сандански”, а посочил дека врз него пукал човек од селото Горно Оризари.

Известен е јавен обвинител, утврден е идентитетот на сторителот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Ова е втор инцидент со пукање од огнено оружје, во кој е ранет жител на Скопје во последните 24 часа. Претходно, МВР соопшти дека 24-годишен полицаец, кој во моментот не бил на должност, е повреден кога врз него пукал напаѓач во населбата Топанско Поле.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот