Уште две лица настрадаа во поплавите во Русија, вкупно осум жртви

Уште две лица го загубија животот во рускиот регион Краснодар за време на поплавите предизвикани од обилни врнежи од дожд.

Со двете нови, вкупниот број на жртви сега се зголеми на осум, соопшти денеска прес-службата на Краснодарскиот регион.

Претходно во три окрузи од регионот беше прогласена вонредна состојба, како и во градовите Сочи, Геленџик и Горјаша Кчуж, пренесе Тасс.

Стотици домаќинства од регионот се поплавени, а сообраќајот на федералните автопати е блокиран поради свлечишта и надојдената вода

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот