Уште десет дена за аплицирање, пари за субвенции има

Барањата за добивање финансиска поддршка се поднесуваат по електронски пат, самостојно, од страна на барателите со регистрирање во системот на веб страна на Агенцијата www.ipardpa.gov.mk.

Рокот за поднесување барања за субвенции од Програмата за земјоделство 2020 година истекува на 31 јули. Од ресорното Министерство уверуваат дека пари има, а исплатата на проектираната поддршка ќе се врши неселективно.

-Како и досега, пари за субвенции за земјоделетвото има. На сите кои ги исполнуваат условите за користење на оваа поддршка, а согласно календарот за исплати во еден ден и без селекција им се исплаќаат парите, велат од МЗШВ.

Барањата за добивање финансиска поддршка се поднесуваат по електронски пат, самостојно, од страна на барателите со регистрирање во системот на веб страна на Агенцијата www.ipardpa.gov.mk. Оние земјоделци кои не знаат сами да поднесат барања или имаат потреба од помош при креирање електронски барања, можат да се обратат во подрачните единици.

-Доколку апликантите увидат дека направиле пропуст, внеле погрешни податоци или увидат потреба од измена поради несоодвествување со фактичката состојба, барањето може да го повлечат или да ги изменат во рок од 30 дена од денот на поднесувањето, наведуваат од Министертсвото.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот