УНРВА: На прагот сме на хуманитарно цунами во Газа

Газа по израелските напади/Фото: EPA-EFE/MOHAMMED SABER

Агенцијата на Обединетите нации за помош на палестинските бегалци (УНРВА) соопшти дека никаква помош не прстигнала во Појасот Газа по прекинот на огнот меѓу Израел и Хамас во петокот наутро и оти се заканува „хуманитарно цунами“.

– Она од што се плашиме е дека ќе се вратиме таму каде што бевме во првите недели кога имаше апсолутна забрана, херметичка опсада во Појасот Газа – со последици кои се уште се чувствуваат, изјави за Би-Би-Си, Жулиет Тума, портпаролка на УНРВА.

Таа вели дека има напори да се продолжи со испораката на хуманитарна помош и повика на прекин на огнот.

– Ние сме на прагот на хуманитарно цунами во Појасот Газа, истакна Тума.

Во меѓувреме, израелската војска нареди нова евакуација на Палестиците од Појасот Газа. На платформата Х објавени се мапи на арапски јазик на кои е прикажано од кои делови на Газа треба да се евакура палестинско население и каде да заминат.

Меѓу населбите кои Палестинците мора да ги напуштат се Џабалија, Шејаја, Бани Сухаил, Кан Јунис. Жителите на овие наслеби се упатуваат кон засолништата во Рафах на границата со Египет.са/

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот