Универзитетските професори во Албанија најавија штрајк со глад

Универзитетски професори Албанија/ Фото МИА

Албанските универзитетски професори и дадоа рок на владата доколку не ги исполни нивните барања до утре ќе почнат штрајк со глад.

Тие вчера влегоа во третата недела од бојкотот на наставата собирајќи се пред универзитетскиот кампус.

Универзитетските работници, наместо со предавања, на 17 минатиот месец академската година ја започнаа со протести за подобри услови и зголемување на платите.

Тие бараат зголемување на платите за 30 отсто оваа и 20 отсто следната година, додека владата одобри 7 отсто од буџетот, како и 8 отсто од средствата на универзитетите, со што не се согласуваат.

Албанскиот премиер Еди Рама деновиве им порача да не се надеваат на дополнително зголемување.

-Зголемување на платите нема да се случи додека не дојде редот, по пензионерите на крајот на годината и по крајот на зимата, кога ќе ги избалансираме трошоците за заштита поради високите цени на електричната енергија, им порача Рама.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот