Унгарија ѝ се закани на Бугарија со шенгенско вето поради данокот на рускиот гас

Компресор на гас
Фото: EPA/ROMAN PILIPEY

Унгарија во понеделникот се заканила дека ќе ја блокира кандидатурата на Бугарија за приклучување кон Шенген зоната доколку не се отстранат таксите за трансферот на руски гас. Тоа го објави „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на три извори запознаени со дискусиите (напоменувајќи дека унгарските власти не коментирале официјално).

Објавата е ден откако ГЕРБ и „Продолжуваме со промената – Демократска Бугарија“ објавија дека се откажуваат од давачката од 20 лева за мегават час за пренос на гас преку Бугарија.

-Тешко е да се знае што точно сака Орбан од сето ова, рече дипломат на ЕУ вклучен во разговорите со Унгарците оваа недела.

Кога го најави воведувањето на данокот, кој според бугарските претставници е дизајниран да ги истисне Русите од европскиот пазар, Софија му го наметна на рускиот енергетски гигант Газпром. Сепак, Унгарија и Србија се спротивставија, велејќи дека нивниот увоз е загрозен.

Бугарската влада соопшти дека се уште бара еквивалент на данокот за транзит на гас на ниво на ЕУ во обид да го задржи притисокот врз земјите-членки да се ослободат од рускиот увоз, наведува весникот.

Околу половина од испораките на руски гасовод во регионот минуваат низ Бугарија, а Унгарија е еден од главните крајни клиенти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот