Уметничката колонија „Дебрца“ во Белчишта се одржува во чест на нејзиниот основоположник Ѓорѓија Целески

Уметничка галерија во селото Белчишта во Дебрца

Уметниците Јордан Манасиески од Охрид, Ставре Димитров – Стадим, Запро Запров, Војдан Запров и Натали Николовска од Скопје, Андреј Антевски од Куманово, како и Леетив Намдаг Жанчивин – мистер Ли од Монголија, Петар Бељашки и Велислава Пожгорска од Бугарија и Светлана Солодова од Русија во периодот од 5 до 13 август учествуваат на 38. Интернационална уметничка колонија „Дебрца 2023“.

Колонијата се одржува во Уметничката галерија во селото Белчишта, Дебрца, која била отворена во 1985 година, а обновена во 2005 година. Годинава колонијата е посветена на нејзиниот основоположник, неодамна починатиот педагог и ликовен уметник Ѓорѓија Целески.

Интернационалната уметничка колонија „Дебрца“ има најбогат фонд уметнички дела во земјава, со повеќе од 700 ликовни дела од врвни уметници од Македонија и светот, што претставува непроценливо македонско и светско културно наследство.

Во изминатите години на колонијата во Белчишта учествувале над 200 уметници од Македонија, Србија, Хрватска, Словенија, Бугарија, Грција, Полска, САД, Канада, Германија, Малезија, Русија, Узбекистан, Украина, Кипар, Монголија и многу други земји.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 191, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 12-13.8.2023)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот