Украински власти: Русите погодија училиште во Мариупол каде се криеја 400 луѓе

мариупол
Фото: EyePress News / Shutterstock Editorial / Profimedia

Градскиот совет на Мариупол соопшти дека руските сили вчера бомбардирале училиште во кое се криеле 400 луѓе.

Велат дека зградата е уништена и дека луѓето се под урнатините. Во училиштето имало жени, деца и постари лица, соопштија официјални лица.

Засега нема информации за жртви. Комуникацијата со Мариупол е неверојатно тешка, пишува Би-Би-Си и додава дека не можеле да ги потврдат овие тврдења

Мариупол се соочува со едно од најтешките бомбардирања во војната со Русија, а илјадници граѓани со денови се без пристап до струја и вода.

Се смета дека во градот се убиени повеќе од 2.400 луѓе, а властите копаат масовни гробници.

Вчера околу 4.000 луѓе успеаја да побегнат од пристаништето на Црното Море.

Но, украинските власти велат дека илјадници жители биле насилно однесени во руските градови. Скај њуз не можеше да го потврди ова тврдење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот