Украинската балерина ја брани татковината со оружје во рака: Уметноста има посебна улога во оваа борба

Лесја Воротњук
Лесја Воротњук / Фото: Принтскрин/Инстаграм

Балерината на Киевската национална опера, Лесја Воротњук, по руската инвазија на Украина, решила да ја брани својата татковина со оружје во рака.

Лесја одамна знае како изгледа војната. Нејзиниот сопруг бил убиен пред три години во источна Украина, но и покрај лошото искуство, таа отпатувала на фронтот за да помогне во одбраната на земјата, пишува „The Economist“.

На крајот на февруари таа почнала да помага во евакуацијата на цивилите, а подоцна се приклучила на единицата за територијална одбрана во Киев.

„Уметноста има посебна улога во оваа борба. Руските цареви и советски владетели со различни степени на жестокост ја потиснуваа украинската култура со векови прогонувајќи ги украинските уметници, исмејувајќи ги нивните национални аспирации и потиснувајќи го нивниот јазик“, рече Лесја.

На Запад сè уште трае дебатата за бојкотот на руската култура и уметниците кои го поддржуваат Кремљ.

„Странците не ја разбираат целосно нашата позиција бидејќи балетот секогаш се поврзува со Русија. Но, луѓето во окупираниот Мариупол одбија да земат храна и хуманитарна помош од Русите, тие избраа глад. Не е фер балетот да изведува руски дела додека тие страдаат“, рече Воротниук.

И додека претходно објавуваше фотографии од своите настапи, сега на социјалните мрежи доминираат кадри од првата борбена линија. Таа посвети една објава на регионот Доњецк.

„Оваа област доживува војна од 2014 година. Од тогаш се водат жестоки битки за овие неверојатни краишта… Таму живеат неверојатни луѓе кои заслужуваат слободен и мирен живот. Таму слушнав многу приказни. Приказни за војната. Тоа беше кога половина од нашата земја не беше ни свесна дека се води војна на украинска територија“, напиша таа, меѓу другото, во една од нејзините неодамнешни објави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот