Украинска армија вчера одбила 15 руски напади во Донбас

Ирпин, Украина / Фото: Слободен печат - Кристина Атовска

Украинската армија тврди дека вчера одбила 15 руски напади во регионите Доњецк и Луганск.
Во најновиот извештај на Генералштабот се наведува дека руската армија подготвува офанзива за заземање на градовите Лиман и Северодонецк.

„Продолжуваат борбите во населбите Воеводовка и Тошовка во областа Северодоњецк, како и во Каменка во областа Доњецк”, се посочува во извештајот објавен преку статус на „Фејсбук”.

 

Истовремено се наведува дека украинските сили уништиле еден руски противвоздушен ракетен систем, девет тенкови, три артилериски орудија, 25 оклопни борбени возила, три единици специјална инженерска опрема, како и три други возила.

Весникот „Украинска правда” објавува биланс на руските загуби, според кои од почетокот на војната Русија досега изгубила 26 илјади војници и 1.170 тенкови, како и 2.808 оклопни борбени возила, 519 артилериски системи, 87 противвоздушни системи, 199 авиони, 158 хеликоптери, 94 крстосувачки ракети.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот