Украинец поради предавство осуден на 11 години затвор

Фото: Профимедиа

Судот во Украина осуди украински државјанин на 11 години затвор поради што на руските трупи им доставувал информации за локациите на засолништата и за позициите на украинските сили, соопшти денеска Украинската служба за безбедност (СБУ).

Осудениот, кој беше уапсен во март, одавал информации за подрачјето околу градот Краматорск во областа Доњецк.

Според СБУ, руските сили имале намера „да ги искористат добиените информации за подготовка и извршување на ракетни напади врз Краматорск”.

На почетокот на овој месец, 15 жители на окупираните делови на регионите Луганск и Доњецк кои „доброволно им се приклучија” на руските војници по 24 февруари беа осудени на 15 години затвор за предавство

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот