Украинците со дрон погодиле зграда на ФСБ во Белгород

Вооружените сили на Украина (ВСУ) употребија авион без екипаж за напад врз зградата на Федералната служба за безбедност (ФСБ) во Белгород.

Според оперативните служби, нема повредени, оштетена е фасадата и искршени се прозорците.

Гувернерот на Белгородската област Вјачеслав Гладков на Телеграм објави дека беспилотно летало на украинските воздухопловни сили удрило во станбена зграда во Белгород, но нема повредени.

Според неговите информации, втор беспилотен авион на непријателот паднал во река. Оперативните служби работат на местото на настанот.

Нападнатата станбена зграда ја посети градоначалникот Валентин Демидов. „Искршени се прозорците во девет станови… Разговарав со жителите – за среќа, нема повредени“, напиша тој на Телеграм.

Според него, на местото пристигнале стручни лица кои ги затвориле процепите за да може станбените простории да се загреат. „Планирано е за два-три дена да се постават нови прозорци“, додаде градоначалникот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот