Украина тврди дека Русија ги користи сателитите на Маск на окупираните територии

Системот „старлинк“ не е достапен во Русија, но го има на окупираните територии во Украина - Фотографија ЕПА, Петер Комка

Киев тврди дека руските сили „систематски“ го користат сателитскиот систем „старлинк“ на Илон Маск за меѓусебна комуникација и за пристап до интернет на окупираните украински територии.

Сигналот од сателитската мрежа на „старлинк“ беа витални за Украина при одбивањето и запирањето на руската воена инвазија и ѝ овозможија поефикасно да се спротивстави на помоќната и помногубројна руска армија.

Главниот директорат за разузнавање на Министерството за одбрана на Украина објави снимки за кои тврди дека се доказ дека трупи од руската 83. Воздухопловна ударна бригада комуницираат за воспоставување терминали на „старлинк“ на окупирана територија.

– Ова почнува да има систематска природа – изјави претставникот Андриј Јусупов.

Компанијата „Спејс икс“, која го поставува и го оперира „старлник“ објави дека „нема каква било соработка со руските власти или оружените сили“ и дека системот не функционира на територијата на Русија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот