Украина се подготвува за руски напад на Донбас

украина донбас руски војници сепаратисти
EPA/MARKIIAN LYSEIKO

Украина се подготвува за нов руски напад во источниот регион Донбас, а Киев тврди дека контранападот на нејзината војска околу Харков е исклучително успешен.

Контролата на Донбас стана една од примарните цели на Москва – но западните разузнавачки служби предвидуваат дека руските воени напади ќе престанат поради големите загуби и жестокиот отпор.

„Се подготвуваме за нови обиди на Русија да го нападне Донбас со цел некако да ги интензивираме нашите движења на југот на Украина“, рече претседателот Володимир Зеленски.

„Окупаторите сè уште не сакаат да признаат дека се во ќорсокак и дека нивната таканаречена „специјална операција“ веќе пропадна“, додаде тој.

Советникот на претседателот, Олексеј Арестович за локалната телевизија изјави дека руските трупи се движат во правец на Донбас по повлекувањето од Харков.

Војниците на Киев постигнаа толку голем напредок во северниот регион што речиси стигнаа до границата со Русија, изјави советникот во Министерството за внатрешни работи, Вадим Денисенко.

„Задачата на руските сили е да го окупираат Северодонецк“, рече Арестович. „Па, нешто не е во ред со нив“, додаде тој.

Северодонецк е најисточниот град кој сè уште го држи Украина, а неговиот пад ќе му овозможи на Кремљ де факто контрола над Луганск.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот