Украина ќе добие борбени авиони Ф-16 од Холандија и Данска

Фото: EPA-EFE/ROB ENGELAAR

Холандскиот премиер Марк Руте изјави дека Холандија и Данска ќе и достават борбени авиони Ф-16 на Украина, штом ќе се исполнат условите за трансфер.

Ова ветување, беше дадено за време на посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Холандија. Неколку дена претходно САД одобрија испорака на борбените авиони од Холандија и Данска, штом ќе заврши обуката.

Фото: EPA-EFE/ROB ENGELAAR

Иако Холандија не соопшти колку авиони Ф-16 ќе им испрати на Украинците, Зеленски на Твитер напиша дека се договориле да бидат испратени 42 авиони.

„И тоа е само почеток“, напиша Зеленски.

Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников во саботата изјави дека обуката на украинските пилоти за летање со авиони Ф-16 е започната, но додаде дека ќе бидат потребни најмалку шест месеци, а можеби и подолго, бидејќи треба да се обучуваат и инженери и механичари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот