Украденото Ферари на Бергер вредно 350.000 фунти, пронајдено по 28 години

EPA/HANS KLAUS TECHT

Арамии му го украдоа автомобилот Ферари Ф512М Тестароса на австрискиот возач во Формула 1 во април 1995 година а сега полицијата го пронајде во Лондон

Ферарито, украдено од Герхард Бергер пред 28 години, кога тој беше возач на Формула 1, е пронајдено од полицијата во Велика Британија.

Црвеното Ферари Ф512М Тестароса вредно 350.000 фунти било украдено од Австриецот додека се натпреваруваше на Големата награда на Сан Марино во Имола во април 1995 година.

Украдено е уште едно Ферари, сребрено-сиво Ф355, кое му припаѓало на колегата од Формула 1, Жан Алеси, кое и понатаму се води за исчезнато. И двајцата возачи во тоа време се натпреваруваа за Формула 1 тимот на Ферари.

Бергер, кој сега има 64 години, тогаш наводно налетал на крадецот додека овој бегал со автомобилот и неуспешно се обидел да ги брка со Фолксваген Голф на пријател.

Во тоа време, италијанската полиција соопшти дека верува оти автомобилите најверојатно биле украдени по нарачка.

Бергер 14 сезони се натпреваруваше во Формула 1, завршувајќи на третото место во првенствата во 1988 и 1994 година, двата пати возејќи за Ферари. Тој победи вкупно на 11 трки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот