Ученици од медицински струки учествуваа на Фестивал на здравјето во Градскиот парк

дијабетес
Светски ден на дијабетесот, мерење шеќер во крвта / Фото: МИА

По повод 7 април, Светскиот ден на здравјето во Градскиот парк Град,  Град Скопје организираше „Фестивал на здравјето“.

На настанот учениците од медицинските струки на средните училишта на Град Скопје и нивните ментори, вршеа бесплатно мерења на нивото на шеќер во крвта и крвниот притисок на посетителите.

На повеќе штандови посетителите имаа можност да се информираат за здравиот начин на живот, да добијат здравствени совети од медицински лица, совети за здрава исхрана од нутриционисти, како и да донираат храна за лицата од ранливи категории.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот