Убиен полицаец во Мексико од толпа гневна поради убиство на таксист

Убиени полицајци во Мексико / Мексико полиција / Фото EPA-EFE/Jose Luis de la Cruz

Во мексиканскиот град Закателко, полицаец загинал откако бил претепан од неколку луѓе гневни поради убиство на таксист, јавува Би-Би-Си. Полицаецот се обидел да интервенира кога мештаните ги нападнале двајцата осомничени за убиството на таксистот. Во инцидентот се повредени и неколку други полицајци.

Жителите на Закателко се пожалија дека злосторствата минуваат неказнето. Според локалниот дневен весник Ел Сол де Тлакскала, четворица мажи се обиделе да ограбат постар таксист и го убиле откако тој им се спротивставил. Локалните жители кои го набљудувале инцидентот го бркале и фатиле двајца од четворицата осомничени и ги претепале на локалниот плоштад.

Полицијата интервенирала и ги спасила осомничените, но толпата потоа се свртела кон полицајците и фатила двајца од нив и ги нападнала. Едниот бил спасен од неговите колеги и се лекува со тешки повреди. Меѓутоа, толпата го држела другиот неколку часа и брутално го тепала, објавија локалните весници.

Откако пристигнало полициското засилување, тој конечно бил пуштен, но подоцна починал од повредите во болница. Линчирањето не е невообичаено во делови од Мексико каде што полицијата често не ги гони криминалците.

Тлакскала, државата во која се наоѓа Закателко, забележала 23 обиди за линч помеѓу јануари и септември 2023 година, според податоците објавени од невладината организација Кауза ен Комун. Ова е највисоката бројка во Мексико.

Во три случаи, линч во Тлакскала се покажал како фатален. Линчирањето не е ограничено на Тлакскала. Минатиот месец жена осомничена за убиство на осумгодишно девојче била претепана до смрт во државата Гереро. Анкетите покажуваат дека насилниот криминал и недостатокот на безбедност се главна грижа за Мексиканците, а гневот поради малиот број успешни гонења поттикнува насилна одмазда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот