Уапсени Тајванци кои воделе операции за трговија со луѓе во Словенија и Хрватска

Акцијата е спроведена во соработка со Специјалното јавно обвинителство, а криминалната група дејствувала и на териториите на Словенија и на Хрватска.

Во повеќе црногорски градови полицијата утрово уапси повеќе од 50 Тајванци осомничени за трговија со луѓе и за измама, објавија црногорските медиуми.

Уапсени се и организаторите на групата. Тие биле сместени на повеќе локации во изнајмени вили и вршеле измама преку интернет од Црна Гора во Кина и Тајван. Организаторите и групата се здобиле со незаконска имотна корист од повеќе стотици илјади евра.

Акцијата е спроведена во соработка со Специјалното јавно обвинителство, а криминалната група дејствувала и на териториите на Словенија и на Хрватска.

За полесно да се реализира, акцијата е спроведена во соработка со тајванската полиција која испрати голем број службеници во Црна Гора.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот