Уапсени двајца илегалци на границата со Косово

Еден од уапсените, тврди МВР, се барал врз основа на судска наредба од Основен суд Куманово за издржување казна затвор од траење од шест години.

Вчера во 13.10 часот полициски службеници од полициската станица за граничен премин и граничен надзор Белановце, при обиколка на терен од граничниот премин кон село Белановце, ги привеле А.А.(29) и М.А.(21), двајцата од Куманово, поради тоа што илегално ја преминале државната граница од Косово кон Македонија.

По извршена проверка било констатирано дека М.А. се барал врз основа на судска наредба од Основен суд Куманово за издржување казна затвор од траење од шест години. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Денес  во 2.40 часот во Гостивар, поради основано сомнение за сторено кривично дело „недозволено поминување на државна граница“ бил лишен од слобода Ф.З.(24) од Р.Албанија и бил задржан во полициската станица Гостивар за понатамошна постапка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот