Уапсен Србин во Австрија: Заедно со користен мебел превезувал и дрога

Уапсениот објаснил дека превезувал за шпедитер од Србија и дека мебелот морал да го достави од Унгарија на физичко лице во Германија.

Во одморалиштето на автопатот Вестаутован во Бергхајм-Касерн, Салцбург, цариниците откриле околу 37 килограми марихуана во еден мал камион.

Возачот, 35-годишен српски државјанин, тврдел дека не знае ништо за наркотикот.

Уапсениот објаснил дека превезувал за шпедитер од Србија и дека мебелот морал да го достави од Унгарија на физичко лице во Германија.

Картоните со марихуана биле ставени помеѓу стариот мебел. Цариниците го пребараа камионот, како што беше нобјавено, како дел од мобилната контрола.

Возачот им рекол на цариниците дека превезува стар мебел – еден неискористен шкаф, еден користен фрижидер и еден стар стол.

Во картоните, кои биле сокриени меѓу мебелот имало 36 пакувања марихуана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот