Уапсен капетанот на крузерот што се судри со туристичкиот брод во Будимпешта!

Фото: Скриншот

Според последните информациии од Будимпешта, потрагата по преживеаните од вчерашната бродска несреќа во реката Дунав, кога огромен речен крузер се судри со мало туристичко бротче, и понатаму трае.

Унгарските медиуми синоќа открија дека е уапсен капетанот на крузерот, 64- годишен Украинец. Тој е испитан во својство на осомничен.

Во синоќешниот судар речниот крузер Викинг удри во мал туристички брод со 33 јужнокорејски туристи и двајца членови на екипажот, Унгарци .

За само седум секунди бортчето потона во надојдениот Дунав. Меѓу туристите имало девет семејства,  најмладото дете имало 6 години, а најстариот турист бил 70 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот