ОВА Е КРУЗЕРОТ НА СМРТТА: Причината за несреќата во реката Дунав е брод тежок 1.000 тони! (ВИДЕО)

Фото: Скриншот

Речниот крузер Викинг Сиџин синоќа околу 21.00 часот налетал на туристички брод со јужнокорејски туристи во Будимпешта. После силен судир бродот се превртел, а седум туристи починале, додека потрагата по уште 21 лице и понатаму трае.

Се претпоставува дека до несреќата дошло поради лошите временски услови.

Викинг Сиџин е во сопственост на компанијата Викинг Крузис, американска компанија со седиште во Базел.

Според основните информации, крузерот има 95 надворешни кабини, ресторан, видиковец и уште многу работи кои се во понуда за патниците.

Долг е 135 метра и широк 12 метри, а е тежок 1.000 тони. Тој е способен да се движи со брзина од 12 до 15 километри на час.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот