Уапсен битолчанец кој криумчарел мигранти од Мароко

Мигранти / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Полициски службеници од СВР Битола вчера го лишиле од слобода М.С.(46) од Битола зашто биле пронајдени пет мигранти од Мароко во патничко возило „фолксваген шаран”, со битолски регистарски ознаки, кое тој го управувал.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, битолчанецот бил уапсен при контрола на возилото, вчера во 18.25 часот кај местото викано Преслап-Маково, пред битолското селото Маково.

-Мигрантите биле сместени во Прифатно-транзитниот центар „Винојуг” во Гевгелија и по целосно документирање на случајот против М.С. ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот