Македонската фудбалска У19 репрезентација/фото: ФФМ

У19: Македонските фудбалери ги дознаа противниците на патот кон ЕП 2025

Фудбалската репрезентација на Македонија до 19 години ќе игра во групата „12“ од прелиминарната рунда квалификации за пласман на Европското првенство 2025 година кое ќе се одржи во Романија.

Противници на нашите фудбалски надежи ќе бидат репрезентациите на Словачка, Летонија и Луксембург, така одлучи жрепката во Нион.

Пласман во елитната рунда квалификации ќе обезбедат првопласираните две репрезентации од секоја група, како и една најдобро третопласирана репрезентација.

Термините и домаќините на турнирите ќе бидат одредени подоцна.

Вкупно 27 национални тимови од прелиминарната рунда квалификации ќе ѝ се приклучат на Португалија во следната елитна фаза.

А во елитната рунда квалификации 28-те репрезентации ќе бидат поделени во седум групи и само првопласираните ќе обезбедат пласман на континенталниот шампионат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот