У17: Македонските фудбалски надежи ремизираа против Србија!

фото: ffm.mk

Македонската репрезентација до 17 години одигра нерешено 0:0 против соодветната селекција на Србија на првиот пријателски натпревар меѓу двете селекции одигран на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.

Во меч без многу возбудувања, најдобрата шанса нашите играчи предводени од селекторот Драган Канатларовски ја имаа во првото полувреме преку Ерион Шуку. Нашиот голман Стефан Тасев спречки водечки гол на ривалот во првите 45 минути.

Во второто полувреме, со многу замени на двете страни се одвојуваат новите две шанси за гостинските фудбалери, но среќата беше на страна на нашите млади фудбалери. Вториот контролен меч меѓу селекциите на Македонија и Србија ќе го одиграат в четврток од 11.00 часот на истиот терен.

У17 Македонија: 1. Стефан Тасев, 2. Никола Павлески, 4. Бленд Зекири, 6. Матеј Ангелов, 7. Дашмир Елези, 10. Бесар Гуџуфи, 13. Христијан Поп Антовски (Марко Ристов 60`), 14. Мирче Стоилов (Марко Тренески 63), 15. Борјан Попоски (Енис Буки 60`), 16. Игор Јаневски, 19. Ерион Шуку; Селектор: Драган Канатларовски

Замени: Васко Василев, Марко Ристов, Енис Буки, Матеј Ѓоргуев, Левент Ибраим, Матеј Ѓурчиновски, Марко Тренески;

У17 Србија: 12. Лазар Каличанин, 2. Дишан Ѓоровиќ, 3. Бранислав Миланов, 4. Стефан Лековиќ, 6. Урош Пауновиќ, 9. Давор Ракиќ, 10. Павле Огњановиќ, 15. Вања Апостоловски, 17. Андреј Стефановиќ, 20. Никола Маринковиќ; Селектор: Саша Илиќ

Замени: Премовиќ, Жакниќ, Васиќ, Ивановиќ, Гордиќ, Вукиќ, Маљукан, Лабан, Миладиновиќ;

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот