Твоја партија повикува владата да организира хуманитарна помош за Украина

Знаме на Украина/ Фото MANDEL NGAN / AFP / Profimedia

Твоја партија изразува најсериозна загриженост поради инвазијата на Русија во Украина.

Ваквата агресија која е резултат на еден поширок контекст на покажување сила и развивање воена реторика е за најголема осуда. Твоја партија смета дека мора да се вложуваат напори за создавање услови за мир и толеранција. Создавањето услови е процес кој никогаш не завршува, напротив, постојано се негува и државите и општествата активно учествуваат во тој процес, велат оттаму.

Твоја партија ја повикува Владата (но и други субјекти) како институција со најголема оперативна моќ, да организира хуманитарна помош за погодените од војната во Украина.
Во овие тешки денови, потребна е финансиска и материјална помош за луѓето кои претрпуваат штета – дел од нив остануваат без своите домови и се соочуваат со огромни материјални загуби. Поради ова, сметаме дека треба нашите граѓани да имаат можност да покажат солидарност на дело. Доколку еден дел од граѓаните имаат можност да придонесат на некаков начин, тоа би помогнало на луѓе кои сега ги доживуваат можеби и најголемите загуби во својот живот.
Од партијата додаваат дека сите ние на некој начин сме поврзани, без разлика на оддалеченоста и границите, нашата држава иако е сиромашна досега покажала повеќе пати солидарност со оние кои се во сериозни кризи.
Твоја упатува апел за ургентна организација на нашата држава во оваа насока. Секој субјект( индивидуален или организиран) кој може да помогне со храна, лекови и топла облека е добредојден во ваква човекољубива акција, се вели во партиското соопштение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот