ТУЖБА ЗА НФЛ ЛИГАТА: Настапот на Шакира и Џеј Ло бил порно на ТВ

Instagram

На најголемиот спортски настан во САД, Супербол, на полувремето настапија двете латино диви, Шакира и Џенифер Лопез.

Популарните пејачки имаа петнаесет-минутен перформанс, кој предизвика огромно внимание низ цела планета.

Сепак, имало и такви на кои не им се допаднало како биле облечени пејачките за време на Суперболот, па планираат да ја тужат НФЛ лигата.

Како на пример христијанскиот активист од Охајо, Дејв Даубенмир, кој ќе бара обесштетување од НФЛ лигата за покажување на „порнографија“.

– Вклучив ТВ да гледам американски фудбал, а не да гледам порно – е аргументот Дејв.

Дејв Даубенмир освен против НФЛ лигата, ќе поднесе тужба и против Пепси и локалниот кабловски оператор кој го пренесуваше Суперболот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот