Турскиот бизнисмен Кавала останува во затвор, соопшти судот во Анкара

Суд илустрација/ Фото Архива

Турскиот суд денеска соопшти дека претприемачот Осман Кавала мора да остане во затвор, продолжувајќи му го притворот на повеќе од четири години без пресуда, во судскиот процес што ги поттикна тензиите во односите на Анкара со западните сојузници.

Судот утврди следното рочиште да се одржи на 21 март, јави Радио Слободна Европа.

Осман Кавала четири години е во затвор во Турција без осуда и покрај тоа што Европскиот суд за човекови права побара негово ослободување.

Кавала, кој беше уапсен на 18 октомври 2017 година под обвинение за протести низ целата земја во 2013 година, како и за обид за државен удар во 2016 година, ги отфрла сите обвиненија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот