Турска државјанка во притвор за обид за убиство во Гостивар

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против државјанка на Република Турција со привремен престој во Гостивар поради основано сомнение дека се обидела да стори кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 од Кривичниот законик.

На 19 февруари, по претходна расправија, осомничената 24-годишна девојка со умисла се обидела да лиши од живот едно лице, 23-годишен државјанин на Република Турција, така што со кујнски нож најпрвин му задала убодна рана во слабината од десната страна. Потоа расправијата продолжила, па осомничената го турнала оштетениот на креветот и му задала уште една убодна рана од левата страна на слабината.

Поради околности кои упатуваат на можност осомничената да се даде во бегство, да ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците или да се обиде да го доврши обиденото кривично дело, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд Гостивар достави Предлог за определување мерка притвор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот