Тупанчески: Треба да се преземе нешто радикално за да се промени лошата перцепција кон судскиот систем

Никола Тупанчески, министер за правда / Фото: ,,Слободен печат'' - Драган Митрески

Што се однесува до работата на Министерството за правда и неговиот ресор, министерот Никола Тупанчески за Утрински брифинг вели дека перцепцијата за судскиот систем сѐ уште не е променета и дека треба да се направи нешто радикално.

-Ако се премине на тоа порота составена од граѓани да одредува нечија вина во судски процес тоа значи напуштање на конктиненталното право и префрлање на правосудниот систем на САД. Во иднина може да се размислува за создавање нов Граѓански законик кој ќе ги опфаќа сите прашања, а за тоа можеме и да ги прашаме луѓето. Сите елементи од прецедентното право може да се вклучат ако е тоа од полза во кривичниот процес, вели Тупанчески.

Новинарот Љупчо Поповски за ова вели дека стравува оти може многу полесно да се корумпира поротата одошто судијата.

-Дефинитивно треба да профункционираат телата кои имаат за цел контрола на субјектите за правораздавање, вели Тупанчески.

Во врска со пописот, од кој резултатите ќе се објават во среда навечер, министерот Тупанчески вели дека конечно по 19 години Македонија се одважи да спроведе попис и тоа е позитивно.

-Она што беше стандард на ОН и препораките на Еуростат се прифатени и нивните оценки беа дека пописот е добро спроведен. Без оглед на тоа какви ќе бидат резултатите од пописот во секој случај ќе има коментари и реакции. Но, тоа се официјални податоци, вели Тупанчески.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот