Тупанчески: ФФМ ме покани во Палермо, не се согласувам со писмената опомена од Грковска

проф. д-р Никола Тупанчески, министер за правда / Фото: ''Слободен печат'' - Драган Митрески

Министерот за правда Никола Тупанчески, вечерва на ТВ21, во врска со спорното патување во Палермо, каде го следеше фудбалскиот натпревар меѓу Италија и Македонија, рече дека добил покана од Фудбалската федерација.

„На покана на ФФМ јас присуствував на натпреварот, но тоа што се нарекува аранжман подготвен и фактура испратена од Агенцијата која го организираше патувањето, е платено во временскиот рок кој е предвиден во фактурата“, рече Тупанчески, кому Владата вчера му испрати писмена опомена за прекршување на Етичкиот кодекс за државните функционери.

Министерот вели дека „не се согласува“ со опoмената, која дојде од вицепремиерката задолжена за добро владеење на функционерите и институциите, Славица Грковска.

„Не, не се согласувам, уште еднаш сум конзистентен на својот став дека нема повреда на норма“, вели Тупанчески за случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот