Цариници и полицајци не веруваа што открија во торбa на Кинез

Кривични пријави од МВР до ОЈО денеска се поднесени против Л.Х.(44) од Кина, со живеалиште во Шпанија, В.В.М.(54) од Бугарија, Ј.П.(38) од Кина, со живеалиште во Софија, С.П.(41) од кумановското село Режановце и И.А.(44) од Крива Паланка, вработен во Царинската управа на Р.С. Македонија на граничниот премин Деве Баир поради постоење основи на сомнение дека Л.Х. сторил кривично дело криумчарење и злосторничко здружување.

МВР тврди дека Л.Х. формирал криминална група за криумчарење на недозволени стоки и противправно набавил поголема количина стаклена јагула, која е редок подмладок на јагулите и претставува загрозен вид во Европа. Tранспортот на стаклената јагула требало да се изврши на релација Софија – Меѓународен аеродром Скопје до Куала Лумпур, Малезија, каде што како купувач се појавува лице по име С.Н. од Малезија.

„Л.Х. набавил 60 килограми на подмладок од стаклена јагула во вредност од 90.000 до 120.000 евра спакувана во 42 најлонски кеси со компресирен кислород кои ги сместиле во седум големи патни торби. J.П. набавил парични средства во кеш во износ од 10.000 евра во противредност на бугарски левови, по што на 03.04.2019 година Л.Х., В.В.М. и Ј.П. ги натовариле патните торби со стаклена јагула во комбе „мерцедес“ со бугарска национална ознака.

Откако обезбедиле авионска карта за патување за В.В.М. на релација Скопје-Истанбул-Куала Лумпур, заминале за Скопје. На граничниот премин Деве Баир ги чекал С.П., кој имал задача да обезбеди непречен премин при царинска контрола на македонска страна. По пристигнување на царинска контрола кај И.А., тој без задржување им дозволил да го напуштат граничниот премин без царинска контрола на багажот.

Подоцна, на магистралниот пат Деве Баир-Крива Паланка-Куманово нивното возило било запрено од полициската патрола. При прегледот на возилото биле пронајдени седумте куфери со стаклена јагула, по што лицата биле приведени“, извести МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот