Трудо го обвини Фејсбук дека го става профитот над безбедноста на луѓето

Џастин Трудо
Џастин Трудо / Фото: EPA-EFE/OLIVIER HOSLET

Канадскиот премиер Џастин Трудо го обвини Фејсбук дека го става профитот над безбедноста на луѓето за време на вонредната состојба предизвикана од невидената сезона на шумски пожари во Канада.

Мета, матичната компанија на Фејсбук и Инстаграм, претходно ова лето објави дека ќе го исполни ветувањето дека ќе ја блокира информативната содржина од Канада на своите платформи поради новиот закон кој бара од технолошкиот гигант да им плаќа на издавачите чии линкови ги користи или на друг начин ги пренаменува нивните содржини на интернет.

Шумските пожари кои беснеат низ Канада принудија десетици илјади луѓе да ги напуштат своите домови и се доближија близу градовите како Јелоунајф, главниот град на северозападните територии, додека околу 30.000 луѓе во провинцијата Британска Колумбија добија наредба да се евакуираат.

„Во моментов, во вонредна ситуација каде што ажурираните локални информации се поважни од кога било, Фејсбук ги става корпоративните профити пред безбедноста на луѓето“, рече Трудо на прес-конференција во Корнвол, островот Принц Едвард.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот