Тројца повредени во судар на камион и автомобил во Штип

Фото: Илустрација

На крстосница од улиците „Сремски Фронт” и „Џемал Бјејдиќ” во Штип вчера се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „ауди А3″ со штипски регистарски ознаки, управувано од Д.Д.(49) од Штип и камион „ивеко-еурокарго” со штипски регистарски ознаки, управувано од Е.Р.(51) од Штип.

Во незгодата со тешки повреди се здобил Д.Д., а со телесни повреди се здобиле двe лица од товарното возило Н.М.(37) и Д.М.(49), двајцата од Штип, констатирани во Клиничката болница во Штип.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот