Тројца мртви во украински напад со дрон врз рускиот регион Курск

Украина војници / Фото EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Три лица, меѓу кои две деца, загинаа во напад со украинско беспилотно летало врз западниот руски регион Курск, напиша регионалниот гувернер Роман Старовојт на својот канал Телеграм, цитиран од ДПА.

Гувернерот појасни дека дронот фрлил експлозивна направа врз автомобил со цивили во селото Апанасовка, на неколку километри од украинската граница.

Старовојт подоцна соопшти за нови напади со беспилотни летала.

Воздушна тревога е прогласена и во соседната област Вороњеж.

-Денеска, во раните утрински часови, украински дрон падна врз болница во изградба во руската област Липецк, предизвикувајќи пожар што брзо беше изгаснат, изјави регионалниот гувернер Игор Артамонов.

Тој на Телеграм изјави дека во нападот нема жртви и штета. Гувернерот не објасни дали дронот бил пресретнат пред да падне.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот