Триесетина уметници сликаат на ликовната колонија „Михајлово 2022“ во Кавадарци

Меѓународната ликовна колонија „Михајлово 2022“ од 20 август е отворена во Кавадарци. Ликовниот уметник Владимир Темков е куратор на традиционалната манифестација што се одржува по 27-ми пат.

Темков нагласува дека станува збор за еден од најзначајните вакви настани во тој регион, поддржан од Министерството за култура и Општина Кавадарци. На колонијата творат уметници од Словенија, Србија, Турција, Црна Гора, Грција, Македонија, Косово, Германија и Русија.

– Почетокот на колонијата, по традиција, е со отворање на изложба. Овој пат се изложени дела на ликовниот уметник Стефан Хаџи-Николов. За време на колонијата ќе се одржат изложби и на Диме Темков од Словенија на 22 август со наслов „Слики од морето и ловот“ во Музеј-галерија и на Новица Трајковски на 24 август со наслов „Тиквешанка – во спомен на виното“ во Вински музеј. Ќе има и промоција на книгата „Наива – наивното сликарство и скулптура во Македонија“ од Гоце Божурски, во Винскиот музеј – информираше Владимир Темков.

Темков додаде дека уметниците ќе сликаат во Вила „Рума“, во село Дабниште. Таму ќе биде и затворањето на колонијата, на 25 август со изложба на новосоздадените уметнички дека, како и со настап на кавадаречки рок-групи.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 142, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 20-21 август 2022)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот